• петок, 28 јуни 2024

Јанг со статистика како од видео игра

Јанг со статистика како од видео игра
Атланта, 31 јануари 2020 (МИА) - Трае Јанг постигна 39 поени и 18 асистенции за успехот на Атланта над Филаделфија со 127:117. Бен Симонс постигна 31 за Сиксерс, но тоа се покажа како недоволно за неговиот тим, како и рекордните за Шејк Милтон 27 поени. Јанг беше на исклучително ниво, забележувајќи „дабл-дабл“ во првата четвртина. Џон Колинс, исто така, беше на висина на задачата кај Хокс со 17 поени и 20 скокови. Лојд Пирс и остатокот од тренерскиот штаб на Атланта му оддадоа почит на Коби Брајант, носејќи патики од неговата серија „Најк“. Џоел Амбијад додаде 21 поен и 14 скока во осумнаесеттиот пораз во сезоната за Сиксерс. За Атланта, тоа беше13-та победа во 39 одиграни натпревари. Други резултати: Кливленд - Торонто 109: 115 Вашингтон - Шарлот 121: 107 Бостон - Голден Стејт 119: 104 Денвер - Јута 106: 100. Л.А. Клиперс - Сакраменто 103:124

Остани поврзан