• среда, 18 декември 2024

Хајн од Австрија победник на „Охрид Ултра Трејл“

Хајн од Австрија победник на „Охрид Ултра Трејл“
Охрид, 19 септември 2020 (МИА) – Грегор Хајн од Австрија е победник на второто издание на планинарската трка „Охрид Ултра Трејл“ што од синоќа се трчаше низ Охрид и по падините на Галичица. Триесет и тригодишниот Хајн исцрпувачката планинска патека долга за Охрид рекордни 107 километри ја мина за некаде 14 часа и 30 минути. Стартот на трката беше синоќа во 23 часот од Градскиот плоштад во Охрид. На најподготвените после половина од трасата им се придружија и учесниците на трката „Галичица Трејл“ долга 66 километри со старт во 7:30, додека во 10 часот стартуваа и маратонците на трката „Летница Трејл“ во должина од 18 километри. Неофицијални победници на тие трки се охриѓанецот Дејан Ангелоски, односно Илија Пајмакоски. Учесниците на трките можеа да ги видат сите убавини што ги нудат Охрид, Галичица и крајбрежјето на Охридското Езеро. Манифестацијата што годинава се одржува по втор пат е осмислена како активност за одржување здрави животни навики, како и за спортска и туристичка промоција и афирмација на Охрид и планината Галичица. аб/зс/

Остани поврзан