• вторник, 13 јануари 2026

Фенербахче купува уште еден фудбалер во зимскиот преоден рок

Фенербахче купува уште еден фудбалер во зимскиот преоден рок

Истанбул, 28.декември 2025 (МИА) – Турскиот гигант Фенербахче се подготвува за купување на уште еден фудбалер. Управата на клубот е подготвена да плати 40 милиони евра за италијанскиот репрезентативец Давид Фратези.

Репрезентативецот на Италија во моментов не е во преден план кај тренерот на Интер Кристијан Киву, кој пак е подготвен да се откаже од услугите на играчот.

За Фратези заинтересирани сè уште и италијанските екипи: Јувентус, Наполи и Рома.

Репрезентативецот на Италија член на Интер е од 2023 година, а претходно има настапувано за Монца, Емполи, Асколи и Сасуоло. За Италија има одиграно 33 натпревари и постигнал 8 голови. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан