• понеделник, 18 ноември 2024

Управата за финансиска полиција да ја прошири кривичната истрага против поранешниот министер Сухејл Фазлиу, бара ДКСК

Управата за финансиска полиција да ја прошири кривичната истрага против поранешниот министер Сухејл Фазлиу, бара ДКСК
Скопје, 28 јануари 2022 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска на седница предложи Управата за финансиска полиција да ја прошири кривичната истрага против поранешниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу за злоупотреба на службената положба. Kако што образложи членот на ДКСК Нури Бајрами, предметот е оформен по сопствена иницијатива, односно по допрен глас за наводи изнесени во медиумите против поранешниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу кој во време на оформување на предметот се уште ја вршел функцијата министер. Сухејл Фазлиу ја вршеше функцијата министер од 1 јуни 2017 до 26 јуни 2019 година. - Во наводите изнесени во медиумите, тогаш, се набројани неколку злоупотреби на службената положба, како и несовесно работење во службата од страна на министерот и други службени лица од ова Министерство преку користење на службени патнички возила за приватни цели и потреби, а на трошок на буџетот на институцијата, при што еден од ангажираните лица го злоупотребил ротациското осветлување за избегнување на плаќање патарини на патниот правец Скопје – Гостивар – Скопје, а како што тогаш објави Инфомакс, Фазлиу си ја врботил целата поблиска фамилија на високи функции во Министерството, појасни Бајрами. Заради проверка на наводите и утврдување на фактичката состојба, ДКСК доставила барање за прибирање податоци и информации до Министерството за локална самоуправа, меѓутоа доставените податоци од страна на Министерството биле нецелосни, односно не биле доставени копии од патните налози. Од Министерството, подоцна, бил доставен допис со кој ја известиле ДКСК дека не постои дополнителна документација која би ја доставиле. - Од работата по овој предмет произлегува дека продолжува трендот на лошото управување со јавните финансии и државниот имот што навистина се коси со сите принципи на владеење на правото, нагласи Бајрами. Констатираше дека ДКСК не е во можност, а не е ни надлежна во целост да ги утврдува изнесените наводи, и поради тоа предложи постапувањето по овој предмет пред ДКСК да запре. - Истовремено предлагам да се бара постапување од Управата за финансиска полиција која, како што е изнесено во медиумите тогаш, на 10 декември 2018 година поднела кривична пријава против претходниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и против неговиот претходник Лирим Шабани, за незаконска исплата на хонорари во износ од околу 37 илјади евра. Кривични пријави заработија и поранешна советничка во Мининистерството, но и службеничката одговорна за спроведување на ИПА оперативната програма меѓу Македонија и Бугарија. Оваа кривична пријава се однесува на еден мал дел од овие наводи и предлагам да се достави барање Управата за финансиска полиција да проодлжи и по другите наводи од овој оформен предмет, рече Бајрами. мс/са/  

Остани поврзан