Турција го продолжи периодот на откажување летови до голем број дестинации на Блискиот Исток
- Летовите на турските авиокомпании „Туркиш Ерлајнс“, „АЏет“, „Пегасус“ и „СанЕкспрес“ до Ирак, Сирија, Либан и Јордан се откажани до 13 март, објави вчера турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу на платформата „X“.
Анкара, 9 март 2026 (МИА) - Летовите на турските авиокомпании „Туркиш Ерлајнс“, „АЏет“, „Пегасус“ и „СанЕкспрес“ до Ирак, Сирија, Либан и Јордан се откажани до 13 март, објави вчера турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу на платформата „X“.
Тој прецизираше дека закажаните летови до Доха, Дубаи, Кувајт, Бахреин, Абу Даби и Дамам се откажани за истиот период.
Компанијата „Пегасус“ го отстрани Иран од својот распоред до 12 март, а „Туркиш Ерлајнс“ - до 20 март.
Ова е уште едно продолжување на откажувањето на летовите меѓу Турција и земјите од Блискиот Исток поради тековната воена ескалација во регионот на Персискиот Залив и Либан. мс/ссм/
фото: Архива