Тренчевска: Наша цел е да овозможиме повеќе простор за развој и лично изразување на младите глуви и наглуви лица
- Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници од Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак“ и асоцијацијата „Гласни раце“.
Скопје, 14 септември 2023 ( МИА) - Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници од Младинското здружение на глуви и наглуви „Млад знак“ и асоцијацијата „Гласни раце“.
-Тренчевска, на средбата дискутираше за финансиското работење на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Северна Македонија и можностите за нови критериуми за распределување на буџетите, со што ќе им се овозможат повеќе средства на младите за активности, како и за значењето на толкувачите и ангажирање и обучување на нови согласно потребите на глувите лица, се наведува во соопштението на МТСП.
Таа истакна дека во периодот којшто следува ќе се залага за поиновативна програма на Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Северна Македонија и според неа, програмата треба да содржи активности согласно потребите на младите и истите ќе можат да овозможат повеќе начини за личен развој. Исто така, таа вели дека во јавност ќе се споделуваат успешни приказни кои можат да бидат мотив за младите глуви и наглуви лица за поголемо општествено вклучување, затоа што државата го препознава нивниот потенцијал.
На состанокот беше забележан фокусот на знаковниот јазик, кој според присутните треба да биде стандардизиран, а воедно да бидат достапни што повеќе толкувачи за глувите и наглувите лица, со што ќе се олесни нивното секојдневие. љм/нд/
Фото: МТСП