• понеделник, 23 декември 2024

Судот утврди граѓанска одговорност на Александар Николоски по тужбата на Заев за клевета

Судот утврди граѓанска одговорност на Александар Николоски по тужбата на Заев за клевета
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Граѓанскиот суд - Скопје денеска делумно го усвои тужбеното барање за клевета на премиерот Зоран Заев против потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Судијаката Сузана Димитриев, при читање на пресудата истакна дека се утврдува граѓанска одговорност на тужениот Александар Николовски од Охрид за клевета, затоа што на ден 20 август 2019 година во изјава дадена за ТВ Алфа во видео со наслов случај „Рекет - каде завршија милионите од Луј Витон чантата“, има изнесено невистинити факти штетни за честа и угледот на тужителот. Николоски во изјавата тврди дека „вкупната сума на побарани, изрекетирани средства надминува 20 милиони евра“. - Досега ова никој не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен. Рекетирани се многу бизнисмени побарани се многу пари тоа е операција која што не може да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро смислена од врвот на СДСМ, координирана лично од Зоран Заев и понатаму управувано низ целата држава. Затоа е потребан кривична, но и политичка одговорност, гласи изјавата на Николовски. - Тужбеното барања на тужителот Зоран Заев од Скопје, да се заложи тужениот Александар Николоски да му исплати на тужителот на име надомест на нематеријална штета износ од 60.000 денари за нарушен чест и углед со законска казнена камата според НБ на РСМ која важела на последниот ден од полугодието што му претходело на тековното полугодие зголемено за осум проценти поени, а сметано од пресудувањето до конечната исплата во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, се одбива како неосновано, рече судијката Димитриев. Воедно, во пресудата се вели дека се задолжува тужениот Александар Николоски од Охрид ја објави изреката на пресудата на негов трошок „на простор не помал од една осмина од страница од првата до петтата страна од печатено средство за јавно информирање - дневен весник во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување“. Странките против ова пресудата имаат право на жалба. оџ/сп/

Остани поврзан