• среда, 25 декември 2024

Спасовски: Структури кои работеа против НАТО и Договорот со Грција, се и против договор со Бугарија

Спасовски: Структури кои работеа против НАТО и Договорот со Грција, се и против договор со Бугарија
Скопје, 6 април 2022 (МИА) - Слични структури кои беа против зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, се и против постигнување на договор со Бугарија, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашното интервју на ТВ 21, истакнувајќи дека при остварување на националите интереси на земјава има противници во сите фази. Тој нагласи дека истото беше и со влезот во НАТО, кога одредени структури, невладини организации и некои политички партии, од разно разни причини директно се спротивставуваа на влезот на Северна Македонија во Алијансата и на Договорот со Грција. - Нормално постојат и такви кој што работат на целосно кочење на постигнување на каков било договор со Бугарија. Затоа би оставил тоа службите да го одработат на соодветен начин заедно со сите оние кој што се вклучени во процесот. За нас е многу важно е ние да имаме отворен диалог и принципиелен диалог со Република Бугарија. Принципиелен диалог што значи дека ги штитиме нашите национални македонски интереси  и притоа да бидеме подготвени да постигнеме компромис кој што ќе значи отворање на вратите за Северна Македонија, за перспективите ЕУ и нашето членство. Меѓутоа, многу јасно да кажеме кој се нашите црвени лини и што е тоа за што не може да се разговара, тука го ставаме идентитетот, јазикот, изјави Спасовски. Воедно, тој истакна дека сите тие кој што преговарат треба да имаат на ум дека националниот интерес е најважен, а тоа е зачленувањето во ЕУ, бидејќи ние немаме некоја друга алтернатива. - За нас е многу важно што мнозинството граѓани стојат многу црвство на патот кон ЕУ и тоа навистина ни дава за право и ние во ниту еден момент не можеме да се тргнеме од тој пат. Сите други обиди да не попречат, мислам ќе завршат како тие обиди пред зачленување во НАТО, рече министерот Спасовски. оџ/сп/

Остани поврзан