• понеделник, 09 март 2026

Се очекува денеска да започне судењето на Имамоглу

Се очекува денеска да започне судењето на Имамоглу

Анкара, 9 март 2026 (МИА) - Долгоочекуваното судење по обвинение за корупција и организиран криминал против разрешениот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, се очекува да започне денеска.

Тој беше приведен на 19 март 2020 година, а на 23 март 2025 година беше уапсен и оттогаш е во затвор во Силиври, во близина на Истанбул. Денот пред неговото притворање, му беше одземена дипломата за високо образование, што му го одзема правото да се кандидира за претседател во иднина.

На првото рочиште за случајот против Екрем Имамоглу, кое е закажано да започне денеска, ќе се појават и други 407 обвинети, од кои 105 се во притвор. Рочиштата ќе се одржуваат четири дена во неделата до крајот на април, објави НТВ.

Случајот ќе го разгледува Првиот совет на 40-тиот суд за сериозни кривични дела во Истанбул.

Судењето беше закажано да се одржи во новата судница на затворскиот комплекс Мармара во Силиври, но поради доцнења во изградбата, првата седница ќе се одржи во постојната судница, која има помал капацитет.

Затоа се воведени голем број ограничувања и за адвокатите на одбраната и за присутните во судницата. Дозволени се максимум три адвокати по обвинет, а роднините на притворените ќе имаат предност пред другите кои сакаат да го следат судењето на лице место. Бројот на новинари на кои им е дозволено да го следат судењето е ограничен на пет странски новинари и еден новинар од турски медиум, или вкупно 25 лица. 

Обвинението, чии детали претходно беа објавени во турските медиуми, содржи 3.739 страници.

Судењето, кое се очекува да започне денеска, се оформува како најголем случај на корупција пред претседателските избори, кои се закажани за 2028 година, и поради оваа причина се очекува да биде следено со зголемено внимание, според голем број аналитичари од проопозициските медиуми. мс/ссм/

фото: Архива

Остани поврзан