Сеул и Варшава воспоставија сеопфатно стратешко партнерство
- - Јужна Кореја е најважниот партнер на Полска во областа на одбраната по Соединетите Американски Држави - истакна Туск по средбата.
Сеул, 13 април 2026 (МИА) – Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, и полскиот премиер Доналд Туск денеска на средба во Сеул се договорија за издигнување на билатералните односи на ниво на „сеопфатно стратешко партнерство“, пренесе јужнокорејската агенција „Јонхап“.
Туск пристигна во азиската земја вчера, во рамките на дводневната официјална посета.
Претседателот Ли најави дека рамковниот договор во областа на одбраната од 2022 година, вреден 44,2 милијарди долари, ќе биде проширен. Дополнително, двајцата лидери планираат воведување директни летови меѓу двете држави, како и засилена соработка во енергетиката, инфраструктурата, науката и технологиите.
- Јужна Кореја е најважниот партнер на Полска во областа на одбраната по Соединетите Американски Држави - истакна Туск по средбата. ссм/
фото: ДПА