• недела, 22 декември 2024

СДСМ: Мицкоски ги правда сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина

СДСМ: Мицкоски ги правда сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина
Скопје, 1 март 2022 Соопштение за јавност - реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски Мицкоски ги правда сите кои ја поддржуваат агресијата врз Украина Според скандалозната изјава на Мицкоски, сите кои ја поддржуваат агресијата на Русија врз Украина тоа го направиле поради тоа што читале „статуси од Заев, од Ахмети, од Артан Груби, од Османи , Ковачевски, Пендаровски и „слава Украини“. До вчера Мицкоски велеше дека е за заштита на територијалниот интегритет на Украина, за вечерва да ги оправдува оние кои ја поддржуваат воената агресија врз Украина. Колку голема е фрустрацијата на Мицкоски штом дава вакви изјави? Наместо да побара обединување околу вредностите зад кои стои целиот демократски свет Мицкоски го дели македонското општество. Дали Мицкоски се обидува да го следи неговиот партнер Димитар Апасиев кој веќе ги користи зборовите на Путин? Едно е сигурно, ова е манифестација на политички незрел човек, без основно чувство на државност и без можност да ги процени последиците од своите незрели изјави.  

                СДСМ

Центар за комуникации со јавноста

————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.  

Остани поврзан