• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на Муцунски за вандалскиот чин кон Љубица Јанчева

Реакција на Муцунски за вандалскиот чин кон Љубица Јанчева
Скопје, 10 ноември 2021 (МИА) – Како градоначалник на Општина Аеродром и како граѓанин, пред сè, го осудувам вандалскиот чин кон госпоѓа Љубица Јанчева. Во нашата општина ова не смее да се случува, реагира градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. - Во мојата програма нема опции од една или друга страна, сите се исти и затоа работиме со сите сили за една поинаква општина на која сите ќе бидеме горди. Замолувам да не се политизираат ваквите вандалски случувања, се вели во соопштението. Тој додаде дека досега неколку пати е реагирано до Министерството за внатрешни работи во врска со нивното дејствување во Аеродром, слабите контроли и неприсуство на терен на полицијата, но сè уште нема одговор. Претходно, претседателката на Советот на Град Скопје и претседателка на ОО СДСМ Аеродром,  Јанчева реагираше оти доцна синоќа, на паркингот пред зградата во која живее бил оштетен нејзиниот автомобил. Јанчева информираше дека случајот е пријавен во полиција и очекува брзо откривање на сторителите. ки/дма/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан