• недела, 06 октомври 2024

Ракометно ЕП: Хрватска на чекор до полуфинале

Ракометно ЕП: Хрватска на чекор до полуфинале
Виена, 16 јануари 2020 (МИА) - Хрватска ја совлада Австрија со 27:23 во првиот натпревар од втората фаза на Европското ракометно првенство и направи огромен исчекор кон полуфиналето. Победникот во „Винер Штадхале“ беше решен во воведните 30 минути што им припаднаа на „коцкестите“ со 13:8. Тимот на Лино Червар во продолжението одржуваше предност од четири до шест гола разлика и не дозволи никаква неизвесност. Лидер во победничката селекција беше Златко Хорват со шест гола, по пет додадоа Домагој Дувњак и Лука Циндриќ. Шест погодоци, пак, за Австријците постигна Роберт Вебер. сѓд/гт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан