• петок, 22 ноември 2024

Путин потпиша указ за воена обука на резервниот состав

Путин потпиша указ за воена обука на резервниот состав
Москва, 18 февруари 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ со кој се повикуваат руските резервисти на воена обука во 2022 година, објавија руските медиуми. - Во 2022 година ги повикуваме сите граѓани на Руската Федерација кои се во резервен состав да поминат воена обука во Вооружените сили на Руската Федерација, службите за државна безбедност и федералните безбедносни служби, се наведува во декретот потпишан од Путин. Истовремено, на Кабинетот на министри и на извршните органи на руските региони им беше наложено да обезбедат спроведување на мерките поврзани со поканата на граѓаните во кампови за обука. гт/

Остани поврзан