• четврток, 19 декември 2024

Предноста на иницијативата „Отворен Балкан“ е нејзината балканска автохтоност, оцени Османи

Предноста на иницијативата „Отворен Балкан“ е нејзината балканска автохтоност, оцени Османи
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Предноста на иницијатива „Отворен Балкан“ е нејзината автохтоност, односно фактот што сопствеништвото е на самите земји од регионот, за разлика од Берлинскиот процес, кој има поголеми предности, има многу повеќе пари, извршно тело и сите земји се таму, но сопственоста не е на регионот, истакна вечерва министерот за надворешни работи во неговото гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5. - Во Берлинскиот процес се вклопија овие четирите слободи со цел да се интегрираат во едно, но очигледно се сметаше дека е важно да се има еден таков степен на зрелост во којшто регионот сам ќе се организира за одредени прашања, земјите ќе навикнат на потребата сами да ги направат чекорите, а не да чекаат некој да им се јави од Брисел за да се сретнат, туку ќе мора да се јават сами, ако не се јават сами не се случува настанот. Тоа е многу важна рефлексија на зрелоста на регионот, посочи понатаму Османи. Тој додаде дека ова ќе придонесе сигурно во конкретни економски параметри и дека сериозно придонесува и за помирувањето во регионот, но и во подготовката на земјите за утрешниот голем пазар на Европската унија. - Еден хендикеп на „Отворен Балкан“ е што нема извршно тело за имплементација, туку зависи од одредени институции коишто не се фокусирани само на ова прашање. Овој пат го превзема Секретаријатот за европски прашања и мислам дека овде ќе имаме веќе по фокусиран пристап во имплементација на тоа што ќе се договори помеѓу лидерите. Се разбира не одеднаш, но едно по едно, одговори министерот Османи на прашањето кога би имало отворени граници меѓу земјите во регионот. сх/сп/

Остани поврзан