По поразот на Орбан, Фицо подготвен за зачувување на стратешкото партнерство со Унгарија
- Фицо, кој важеше за клучен сојузник на Орбан и официјално го поддржа пред гласањето, изјави дека Словачка е подготвена за блиски односи и дека заедничките дејствија со Унгарија во заштитата на енергетските интереси остануваат приоритет. Десноцентричната партија „Тиса“ (TISZA) на Маѓар освои комотно мнозинство во Парламентот.
Братислава, 13 април 2026 (МИА) – Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска му честиташе на новиот лидер на Унгарија, Петер Маѓар, нудејќи му „интензивна соработка“, додека истовремено му изрази благодарност на досегашниот премиер Виктор Орбан, кој убедливо ги изгуби парламентарните избори.
Фицо, кој важеше за клучен сојузник на Орбан и официјално го поддржа пред гласањето, изјави дека Словачка е подготвена за блиски односи и дека заедничките дејствија со Унгарија во заштитата на енергетските интереси остануваат приоритет. Десноцентричната партија „Тиса“ (TISZA) на Маѓар освои комотно мнозинство во Парламентот.
„Со сета почит ја земам предвид волјата на унгарските граѓани и подготвен сум за интензивна соработка со новиот унгарски премиер, кому му честитам на изборниот резултат“, истакна словачкиот премиер во својата изјава. ссм/
фото: архива