• среда, 25 декември 2024

Песков: Ако Европа го одбие гасот, ќе го продадеме на други земји

Песков: Ако Европа го одбие гасот, ќе го продадеме на други земји
Москва, 6 април 2022 (МИА) - Ако цела Европа се откаже од рускиот гас, тогаш Русија ќе го продаде на други земји, изјави во интервју за францускиот телевизиски канал ЛЦИ портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека „Русија со децении живее добро под санкции“. - Навикнати сме на тоа. Што се однесува до гасот, ќе се обидеме да го извеземе во други земји. На многу луѓе им треба гас, истакна Песков. гт/

Остани поврзан