• недела, 22 декември 2024

Пенс: Бајден ѝ нанесе повеќе штета на САД отколку кој било претседател во модерната историја

Пенс: Бајден ѝ нанесе повеќе штета на САД отколку кој било претседател во модерната историја
Вашингтон, 4 април 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ нанесе повеќе штета на Америка, отколку кој било претседател во модерната историја, смета поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс. Тој за Фокс њуз тврди дека за 14 месеци инфлацијата во САД е најголема во последните 40 години, а бензинот поскапел за 70 отсто. Според Пенс, сегашната администрација правела грешки во борбата со пандемијата од коронавирусот. Тој укажа и на, како што нагласи, „катастрофалното повлекување“ на САД од Авганистан. бд/

Остани поврзан