• вторник, 05 ноември 2024

Пендаровски: Првиот француски предлог не предвидуваше отворање на преговорите и скрининг

Пендаровски: Првиот француски предлог не предвидуваше отворање на преговорите и скрининг
Скопје, 8 јули 2022 (МИА) - Првиот француски предлог не предвидуваше отворање на преговорите и скрининг. Oвој предвидува и притоа ги задржува другите елементи во кои не се задира во идентитетот, што за нас апсолутно e најважната работа, изјави вечерва претседателот Стево Пендаровски. - На мојата прва средба со Макрон, тој ми рече кои се вашите главни забелешки и дали можеме некако да ги удоволиме за да не мораме да одиме повторно во Софија. Јас му кажав дека не започнуваме со преговори и оти конференцијата е симболична и за сликање. Ако навистина е отворање, тогаш е потребен скрининг, бидејќи секогаш кога отвораш преговори, имаш скрининг кој трае 12-14 месеци, истакна Пендаровски во емисијата „Клик плус“ на телевизија 21. Прецизно кажано, вели Пендаровски, велеше се одржува прва политичка или симболична конференција, но немаше збор дека се отвора, туку велеше кога ќе го отворите Уставот, тогаш ќе ги отворите преговорите. Сегашниот модификуван француски предлог вели - сега ги отворате преговорите, нема да продолжите или ќе продолжите откако ќе го промените Уставот, вели Пендаровски. Според Пендаровски, потребно е државата да остане на европскиот пат со францускиот предлог.  Се сомнева дека може да се обезбедат две третини за да се внесат Бугарите во Уставот. - Просто е невозможно да направиш две третини во наредниот период. Дури и денешнава опозиција кога ќе биде на власт, повторно не може самата да направи 80 гласа за прашања кои се преседан од невидени размери, изјави Пендаровски. ки/бак/           

Остани поврзан