• недела, 14 јули 2024

Општина Илинден со нови приклучоци кон фекалната канализација во Кадино

Општина Илинден со нови приклучоци кон фекалната канализација во Кадино
Скопје, 8 април 2022 (МИА) - Екипите на ЈКП „Водовод” деновиве работат на приклучување на домаќинства кон канализацискиот систем за фекална канализација во Кадино, припадна површина 3, каде се вршат нови приклучоци на корисниците од ул.„7”, соопштија од Општина Илинден. Како што посочуваат, истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица која е во изградба во ова населено место, со капацитет за 1250 еквивалент жители. Канализацискиот систем во Кадино припадна површина 3, е во должина од околу 5000 метри, со кој треба да бидат опфатени 330 домаќинства од ова населено место, како и други јавни објекти со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот. -Заедно со веќе постоечкиот канализациски систем припадна површина 4, сега со фекалната канализација ќе бидат опфатени над 660 домаќинства или 80 отсто од вкупното население во Кадино, се наведува во соопштението на општинските власти.бт/са/

Остани поврзан