• петок, 22 ноември 2024

Началникот на ГШ на шпанската војска поднесе оставка, обвинет дека се вакцинирал преку ред

Началникот на ГШ на шпанската војска поднесе оставка, обвинет дека се вакцинирал преку ред
Мадрид, 23 јануари 2021 (МИА) - Началникот на Генералштабот на шпанската армија, генерал Мигел Анхел Вилароја денеска поднесе оставка по обвинувањата дека примил вакцина против Ковид-19 преку ред, односно пред приоритетните групи. Шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес побара објаснување од генералот Мигел Анхел Вилароја, а Министерството подоцна во образложението за оставката соопшти дека генералот „никогаш немал намера да искористи привилегии што ќе го нарушат угледот на вооружените сили и ќе ја доведат во прашање неговата чест“. Се наведува дека Вилароја „носел одлуки за кои сметал дека се правилни“, но кои „го нарушиле угледот на вооружените сили“. Од крајот на минатиот месец е забележано зголемување на бројот на новозаразени случаи во Шпанија. Вчера се евидентирани 42.885 нови случаи, а починале уште 400 граѓани. Досега, вкупно 55.441 лице починале од Ковид-19 во таа земја. гт/

Остани поврзан