• петок, 22 ноември 2024

МНР: Бучковски во иднина со зачестени патувања за Бугарија

МНР: Бучковски во иднина со зачестени патувања за Бугарија

Скопје, 9 јануари 2021 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи оваа недела оствари комуникација со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева каде беше договорено претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план, соопшти Министерството за надворешни работи.

Како што наведуваат во соопштението улогата на специјалниот претставник Бучковски е редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акциониот план и поттикнување на соработката на линиските министерства.

-Во оваа насока очекувано е во наредниот период да оствари чести патувања на релација Скопје - Софија, додаваат од Министерството за надворешни работи.скс/

Остани поврзан