• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски: Не можеме да патуваме во ЕУ, станавме енклава

Мицкоски: Не можеме да патуваме во ЕУ, станавме енклава
Скопје, 6 јули 2020 (МИА) - Европската Унија ги затвори границите за македонските граѓани и тие не се добредојдени таму, затоа што ласта вдоживеа дебакл во справувањето со падемијата која што е предизвикана од корона вирусот. Денеска Македонците, граѓаните од Македонија се недобредојдени во рамките на Европската Унија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот ТВ дуел со лидерот на СДСМ Зоран Заев. - Претходните влади предводени од ВМРО-ДПМНЕ, но и од СДСМ успеваа да напредуваат кон членството во Европската Унија кои обезбедија и безвизен режим, а притоа сочувајќи ги и достоинството и честа. За разлика од нив Заев ја претвори Македонија енклава на Балканот изолирана од Еропа, обвини Мицкоски. Најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолчжи да се бори за полноправно членство со Европската Унија, но, како што наведе, „со исправена кучма, без да бидат понижени и омаловажени“.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан