• недела, 01 март 2026

Милан со два гола во финишот до победа над Кремонезе

Милан со два гола во финишот до победа над Кремонезе

Кремона, 1.март 2026 (МИА) – Фудбалерите на Милан остварија победа од 2:0 на гостувањето против Кремонезе и успеа да се реваншира на оваа екипа за „домашниот пораз“ од 1:2. „Црвено-црните“ од Милано головите ги постигнаа во последните минути.

За водство од 1:0 стрелец беше Страхиња Павловиќ во 90.минута, а Рафаел Леао беше стрелец во 90+4 минута. Најдобар играч на натпреварот беше голманот на Кремонезе Емил Аудеро, кој успеа да одбрани неколку одлични шанси на противникот.

Со новите три бодови Милан е на второто место и има десет помалку од лидерот Интер, против кого ќе игра во следното коло

Ова беше првиот дуел од денешната програма од 27.коло, а во тек е дуелот Сасуоло – Аталанта. Во терминот од 18 часот играат: Торино – Лацио, а во вечерниот термин од 20:45 минути е дуелот Рома – Јувентус. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан