• понеделник, 23 декември 2024

Металург со реми против Адемар Леон го заврши настапот во Лига Европа

Металург со реми против Адемар Леон го заврши настапот во Лига Европа
Скопје, 2 март 2021 (МИА) – Ракометарите на Металург достоинствено се простија од настапите сезонава во групната фаза во Лига Европа, откако вечерва во неизвесен натпревар во Скопје одиграа нерешено 27:27 (16:13) против фаворитот Адемар Леон. Во својот последен натпревар во рамки на групата А, Металург од самиот почеток имаше постојано водство во салата „Борис Трајковски“, што достигна највисоки четири голови разлика (19:15) по десет минути игра во второто полувреме. Шпанската екипа го израмни резултатот во 53 минута (24:24) и по две врзани грешки во нападот на Металург стигна до највисока предност од 27:25 во 58 минута. Мартин Серафимов ја намали предноста на гостите, а Василије Калуѓеровиќ беше прецизен во последниот напад на Металург за конечни 27:27. Најефикасен во редовите на македонскиот тим беше репрезентативецот Серафимов со седум голови. Настапот во Лига Европа ракометарите на Металург го завршија како последнопласирани во групната фаза, со ефект од една службена победа, седум порази и два нерешени натпревари. ег/оџ/    

Остани поврзан