• понеделник, 23 декември 2024

Македонското здружение од Пожаревац бара поставување спомен-плоча на загинатите Македонци во Првата светска војна

Македонското здружение од Пожаревац бара поставување спомен-плоча на загинатите Македонци во Првата светска војна
Скопје, 15 јуни 2022 (МИА) - Претседателот на Здружението на Македонците од Браничевската околија „Македонија“ од Пожаревац, Гојко Илиевски деновиве е во посета на нашата држава во врска со нивната иниицијатива да се подигне спомен обележје во селото Петка за загинатите Македонци во Првата светска војна, како војници на Кралството Србија. Илиевски, кој денеска оствари средба со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за МИА изјави дека очекува поддршка од официјалните лица од нашата држава за реализација на неговото барање за изградба на спомен обележје. Илиевски додаде дека од надлежните во Србија уште не може да добие согласност за изградба на спомен обележјето. - Основната моја работа е изградба на споменик за сеќавање на Македонците. Јас формирав шест здруженија на Македонци. Барањето е испратено до српскиот претседател Александар Вучиќ. Но, никој за споменикот не сака да каже може или не може да се изгради. Имаме и писмо и до министерката за човекови и малцински права на Србија, имаме поднесено и барање до градоначалникот на Пожаревац да поднесе барање до српското Министерство за култура да ни каже дали ги исполнуваме условите или не, за изградба на овој споменик, рече Илиевски. Инаку, Гојко Илиевски е автор на повеќе книги, меѓу кои „Што се случи со нас“, „Вардарци почивајте во мир“, „Да се знае да не се заборави“, „Македонци - војници на Кралството Србија“. Илиевски е роден е во селото Вруток, гостиварско. На Светскиот македонски конгрес во Скопје во 2008 година му е доделено највисоко светско семакедонско признание „Македонски Сенатор“, за несебичен ангажман во организирање на национални организации во Србија. бт/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан