• четврток, 19 декември 2024

Лукаревска од Крушево: СДСМ води според статистиките, ВМРО-ДПМНЕ е во бунило и се спрема за пораз

Лукаревска од Крушево: СДСМ води според статистиките, ВМРО-ДПМНЕ е во бунило и се спрема за пораз
15 јули 2021  „СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и затоа со Томе Христовски ќе победиме во Крушево“, изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на партиската трибина. Таа потсети дека програмите за претстојните локални избори, СДСМ ги пишува заедно со граѓаните, слушајќи ги нивните предлози, преку трибините и маалските средби. -Од друга страна, нашите политички опоненти како се уште да се во некое бунило. Извадија само еден кандидат и се спремаат за повторен пораз. Да не заборавиме дека во 2017 година ни ги оставија општините со големи долгови. На следните локални избори не смееме да дозволиме да се вратиме на расипничкото работење на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, кажа Лукаревска. Таа додаде дека „работата е кристално јасна во Крушево“, односно дека социјалдемократите ќе победат на локалните избори, а тоа го покажувале и статистиките и споредбените анализи. Во своето обраќање пред крушевчани Лукаревска истакна и дека за разлика од единаесетте години режим, изолација и страв последниве четири години веќе се зборува за факти кои овозможуваат единствено добробит за граѓаните и државата. Центар за комуникации СДСМ  _______________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан