• сабота, 06 декември 2025

Котлар: Во Центар има многу места што го означуваат почетокот на организираната ослободителна партизанска борба

Котлар: Во Центар има многу места што го означуваат почетокот на организираната ослободителна партизанска борба

Скопје, 11 октомври 2021 (МИА) - Кандидатката за градоначалник на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар Трајкова по повод денешниот празник, 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска го посети споменикот на Благоја Деспотовски – Шовељ, првоборец, загинат во октомври 1941 година.

- Денес одбележуваме 80 години од почетокот на Народното востание во 1941 година. Во Центар имаме првично споменици коишто можат да го одбележат овој датум и на место и на време. Тука е и споменикот на Раде Јовчевски – Корчагин но исто така наспроти главниот влез на Клиничкиот центар имаме одбележано една зграда во којашто делувал и Боро Петрушевски. Таа додаде дека во Центар има многу места што ја означуваа и укажуваат на почетокот на организираната ослободителна партизанска борба. ки/ац/

Остани поврзан