Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Eдинствениот спас за враќање на европската агенда се предвремени избори и ново мнозинство
- Деновиве, кога беше одбележан Денот на Европа, слушнавме и прочитавме десетици изјави и објави на функционери од оваа влада, кои да не ги познававме и да не ги знаевме нивните дела, ќе поверу
Скопје, 11 мај 2021
Деновиве, кога беше одбележан Денот на Европа, слушнавме и прочитавме десетици изјави и објави на функционери од оваа влада, кои да не ги познававме и да не ги знаевме нивните дела, ќе поверувавме дека целиот товар на ЕУ паднал врз нивните плеќи.
За да не мислат дека граѓаните не знаат кои се всушност тие и какви се нивните дела, денес ќе ги потсетиме на некои елементи, за да докажеме дека тие можат да бидат вознемирени за сè, освен за интеграцијата на Северна Македонија во Европската унија. Некои од причините за оваа констатација се следниве:
- Оваа влада е формирана врз парадигмата на измамата „албански премиер“, со што станува извршната власт што го уништил секој демократски и морален критериум за учество на избори;
- Оваа влада е резултат на изборите од 15 јули 2020 година, кои за нас се нелегитимни, бидејќи на тие избори манипулацијата на гласот, кражбата, купувањето и другите форми на нарушување на демократската волја станаа стандард на држава која, барем, официјално се стреми да биде членка на ЕУ;
- Оваа власт му издаде градежно земјиште во вредност од 200 милиони евра на контроверзниот бизнисмен, Дака Давидовиќ, кој спонзорира антиевропска агенда во регионот;
- Оваа влада потполно потфрли со образовниот процес во време на пандемија, а резултатите од овој неуспех ќе ги почувствуваме уште долго во иднина;
- Оваа влада предизвика губење на над 60 илјади работна, а домашното стопанство дојде на работ на егзистенцијата;
- Оваа влада се однесува кон пандемијата во стилот „Нека се спаси кој како може!“, па затоа денес стапката на смртност во РСМ е највисока во Европа, а имунизацијата е меѓу најниските во нашиот континент;
- Оваа влада овозможи да добијат пасоши над 200 меѓународни криминалци, кои се бараат ширум светот, со што потврди дека РСМ стана засолниште на криминалците и дека оваа власт е длабоко вклучена во меѓународниот организиран криминал;
- Оваа влада денес може да се „пофали“ само со наркобизнисот, во кој полициските службеници се најблиските соработници на нарко-дилерите;
- Единствените списоци каде оваа влада предводува е врвот на индексите на корупцијата, појава што се покажува дури и при набавка на вакцините;
- Знаејќи дека правдата е основната вредност на ЕУ, оваа влада го стори спротивното – политизација, етнизација и партизација на правосудниот систем;
- На оваа влада НАТО не ù ги прифаќа предложените имињата за офицери во НАТО, заради нивното вклучување во антизападни разузнавачки служби;
- На крај, оваа влада има намера да ги злоупотреби и медиумите, со цел да го задуши слободниот говор и правото на објективно информирање, кои се основните европски принципи.
Сето ова што го спомнавме накратко, поради тесниот простор, но и многу други елементи, кои не успеавме да ги вклучиме, се најдобриот доказ дека оваа држава креира друга агенда и се откажала од евроинтеграциите. Ова се показателите, иако зборовите може да бидат поинакви.
Затоа, имајќи го предвид овој антиинтегративен биланс, ние – Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива – сметаме дека единствениот спас за враќање на европската агенда е оваа власт да замине што е можно побрзо и да се отвори перспектива за духот на интеграцијата во ЕУ. Предвремените избори и новото мнозинство може да создаваат сосема друга приказна за Северна Македонија во однос на процесот на интеграцијата на нашата земја во Европската унија.
Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива
_________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.