• недела, 22 декември 2024

Киев: Русите повторно го гаѓаат аеродромот во Чугујево

Киев: Русите повторно го гаѓаат аеродромот во Чугујево
Киев, 2 март 2022 (МИА) - Руските сили синоќа го бомбардираа аеродромот во Чугујево во Харковската област, изјави советникот на украинскиот министер за внатрешни работи Антон Херашченко. Тој го напишал тоа на својот Телеграм канал, објавувајќи и видео снимка од експлозијата. - Уште еден напад со крстосувачки ракети „калибар“ на аеродромот во Чугујево. Боевата глава тежи 500 килограми. Кутри, кутри луѓе, напишал Херашченко. Тој истакна дека најмалку 10 лица загинале, а 35 се повредени во вчерашните ракетни напади на руските сили врз центарот на Харков, вториот по големина град во Украина. Во денешното ракетирање на Харков, уништена е и зградата на Конзулатот на Словенија. гт/

Остани поврзан