• недела, 22 декември 2024

Изречени 63 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес

Изречени 63 санкции за брзо возење на територија на СВР Велес
Скопје, 31 јули 2022 (МИА) - На територијата на СВР Велес денеска е спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 63 возачи. Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, соопшти Министерството за внатрешни работи. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан