• среда, 03 јули 2024

Извлечени групите за Лигата на шампионите - Роналдо излегува против Меси

Извлечени групите за Лигата на шампионите - Роналдо излегува против Меси
Женева, 1 октомври 2020 (МИА) - Групите за новата сезона во Лигата на шампионите станаа факт и се повеќе од интересни. Можеби врв на оваа фаза од турнирот е конфронтацијата помеѓу Барселона и Јувентус, кои паднаа заедно во групата „Г“. На овој начин, љубителите на фудбалот повторно ќе бидат сведоци на ривалството помеѓу Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Другите две екипи во нивната група се Динамо Киев и Ференцварош. Интер на Антонио Конте ќе се натпреварува со Реал Мадрид, а Шахтјор Доњецк и цврстата германска екипа на Борусија Менхенгладбах ќе им прават друштво во групата „Б“. Шампионот Баерн Минхен имаше тешка ждрепка и ќе игра во групата „А“ со Атлетико Мадрид, Ред Бул Салцбург и Локомотив Москва. Англискиот шампион Ливерпул ќе ги одмери силите со Ајакс, Аталанта и Митјиланд во групата „Д“, додека групата „Х“ ни обезбедува возбудливи дуели меѓу екипите на Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, РБ Лајпциг и Истанбул Басакшехир. Групна фаза во ЛШ за сезоната 2020/21: Група „А“: Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Ред Бул Салцбург, Локомотив Москва. Група „Б“: Реал Мадрид, Шахтјор Доњецк, Интер, Борусија Менхенгладбах. Група „Ц“: Порто, Манчестер Сити, Олимпијакос, Олимпик Марсеј. Група „Д“: Ливерпул, Ајакс, Аталанта, Митјиланд. Група „Е“: Севиља, Челси, Краснодар, Рен. Група „Ф“: Зенит, Борусија Дортмунд, Лацио, Бриж. Група „Г“: Јувентус, Барселона, Динамо Киев, Ференцварош Група „Х“: Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед, РБ Лајпциг, Истанбул Басакшехир.

Остани поврзан