• петок, 22 ноември 2024

Експлозија на нафтовод кој минува низ клучниот сепаратистички град Луганск

Експлозија на нафтовод кој минува низ клучниот сепаратистички град Луганск
Луганск, 18 февруари 2022 (МИА) - Експлозија одекна на меѓународен нафтовод кој минува низ клучниот град под контрола на бунтовниците во источна Украина, јавија руските медиуми. Експлозијата го потресе гасоводот „Дружба“ во сепаратистичкиот град Луганск. Инцидентот се случи во момент на зајакнати тензии во регионот каде се зголемуваат стравувањата дека Русија можеби се подготвува да ја нападне Украина. Гасоводот „Дружба“ минува од Русија до различни точки во источна и централна Европа. Западните медиуми, повикувајќи се на руски државни канали, објавија и за втора експлозија во Луганск, која се случила за помалку од еден час по првата. гт/зш/

Остани поврзан