• недела, 22 декември 2024

Единаесет жртви во пукотницата во Цетиње, убиецот ликвидиран од сограѓанин

Единаесет жртви во пукотницата во Цетиње, убиецот ликвидиран од сограѓанин

Цетиње, 12 август 2022 (МИА) - Дежурната обвинителка Андријана Настиќ по завршување на истрагата во Цетиње изјави дека на лице место биле пронајдени деветмина убиени.

Во меѓувреме, како што рече, од Клиничкиот центар на Црна Гора добиле информација дека уште две лица им подлегнале на повредите.

Во Цетиње денеска беа убиени 11 лица заедно со убиецот кој, како што рече Настиќ, го убил сограѓанин. Според информации на црногорски медиуми се работи за човек од Цетиње на 34-годишна возраст...Настиќ додаде дека шест лица се хоспитализирани.

„Од 11 лица кои загинаа, две се деца. Работиме на расветлување на случајот“, изјави Настиќ за телевизијата „Вијести“.

Претходно медиумите објавија дека убиецот бил ликвидиран од полицијата.

По повод трагедијата во Цетиње, Владата на Црна Гора прогласи тридневна жалост во Цетиње.

Градоначалникот Никола Ѓурашковиќ изјави дека Цетиње денеска доживеало трагедија што не се памети.

„Нашето Цетиње денеска доживеа незаборавна трагедија. Длабоко потресени од загубата на невини животи, искрено сочувствуваме со семејствата на жртвите и ранетите. Цетиње денеска е обединето во молитва за нашите сограѓани кои се жртви на бесмислен напад. Им благодарам на сите во Црна Гора и пошироко кои се со нас во овој тежок момент“, рече Ѓурашковиќ. аб/ 

Остани поврзан