• понеделник, 23 декември 2024

Дураку: Стопирани се термините за добивање патни исправи, со ова државата им го отежнува животот на граѓаните

Дураку: Стопирани се термините за добивање патни исправи, со ова државата им го отежнува животот на граѓаните
Скопје, 7 јули 2021 (МИА) - Продолжува и понатаму проблемот и голготата на многу граѓани кои се обидуваат да добијат лични документи, затоа што се стопирани термините поради недостаток на егземплари. Државата со ваква неспособност и неодговорност директно им го отежнува животот на многу граѓани, изјави денеска портпаролот на Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Шефик Дураку. Тој посочи дека оваа реакција доаѓа по вчерашната информација, според која термините за добивање лични документи и патни исправи се стопирани поради недостаток на егземплари, односно обрасци на македонски и на албански јазик. -Продолжува и понатаму голготата на многу граѓани кои што се обидуваат да добијат пасош. Редиците малку се пократки сега, но чекањето за добивање пасош е повеќе од 20 дена или можеби месец дена, а законски Министерството за внатрешни работи е обврзано по редовна постапка во рок од 15 дена, а во итна постапка во рок од 48 часа да обезбеди документ за патување, изјави Дурау на прес-конференција. Како што додаде, многу граѓани поради овој проблем, ги губат своите термини за во Амбасади, губат резервации за на одмор или патување поради здравствени причини. Друг проблем, според Дураку, е тоа што многу наши иселеници кои имаат истечени патни исправи се обраќаат до нашите дипломатско конзуларни претставништва, но не добиваат никаков одговор, или евентуално кога добиваат, им се кажува дека не можат да најдат решение за нивниот проблем. -Знаејќи дека владината одлука со која беа информиани сите држави на Европска Унија дека се продолжува рокот за важење на нашите пасоши до 31 декември 2021, практично не го почитува ниту една држава, така да според нашите сознанија и информации, има многу наши иселеници кои што верувајќи на една ваква одлука тргнале за одмор, но биле вратени назад. Разочарувачка е неспособноста на институциите и на државата да им излезе во пресрет на овие граѓани, рече Дураку.бт/

Остани поврзан