• среда, 25 декември 2024

Донација во вредност од 38.185 евра за Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија

Донација во вредност од 38.185 евра за Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија
Скопје, 6 октомври 2022 (МИА) - Во Амбасадата на Јапонија во земјава денеска јапонскиот амбасадор Хиронори Севада и директорката на Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија Даница Поповиќ Моневска потпишаа договор за грант во вредност од 38.185 евра, со што ќе се набави интероперативен невромониторинг систем кој ќе обезбеди попрецизни и побезбедни здравствени услуги за пациентите при операција на лицето, вилицата и вратот. - Пациентите повеќе нема да бидат изложени на ризик од повреда на нервите и нарушување на функцијата на лицето, ниту принудени да бараат помош од странство, истакна амбасадорот Севада, по потпишувањето. Директорката на Клиниката за максилофацијална хирургија упати искрена благодарност за помошта, посочувајќи дека со набавка на апаратот ќе се исполни една од поважните цели на Клиниката. - Со потпишувањето на овој договор за грант од страна на пријателскиот јапонски народ, конечно се остварува една од поважните цели и потреби на Универзитетската клиника за максилофацијална хирургија, која значајно ќе придонесе во унапредувањете и подобрувањето на квалитетот на хируршките интервенции во лицето-виличната и врантната регија, а со тоа и во обезбедување подобра, посигурна и поквалитетна здравствена услуга, кон која сите се стремиме, потенцираше Поповиќ Моневска. Договорот е потпишан во рамки на „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“, со кој досега Јапонија има финансирано реновирање и набавка на опрема во повеќе од 72 училишта и градинки, 64 здравствени установи  и ибезбеди 34 специјализирани возила за управување со отпад и комунални услуги за 51 општина. см/аа/

Остани поврзан