• сабота, 23 ноември 2024

Доколку со новите мерки не се намали цената на производите, Владата ќе спроведе други механизми

Доколку со новите мерки не се намали цената на производите, Владата ќе спроведе други механизми
Скопје, 30 октомври 2022 (МИА) - Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. Тој очекува утре или задутре на седница на Собранието да биде усвоен Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите. - Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот. ки/бк/  

Остани поврзан