• недела, 22 декември 2024

Демонстрантите се разотидоа, вечерашниот протест заврши во мирна атмосфера

Демонстрантите се разотидоа, вечерашниот протест заврши во мирна атмосфера
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Протестите што се одржуваат веќе петти ден по ред под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, вечерва завршија мирно без посериозни инциденти. Протестот кој почна пред владината зграда продолжи со марш кон Министерството за надворешни работи каде што демонстрантите овој пат положија рози пред полицијата, кои ја чуваа безбедноста на зградата на МНР. Цвеќиња беа положени исто така и пред полициските службеници кои стоеја пред законодавниот дом, каде што немаше посериозни инциденти освен неколку петарди и димни бомби, преку кои, МВР соопшти дека се повредени двајца полицајци. На целата ситуација и претходеше и еден мал инцидент, за време на марширањето на демонстрантите од Владата до МНР, пред плоштадот „Скендербег“ на влезот на Старата скопска чаршија, се случи конфликт помеѓу нив и група луѓе за коишто се тврди дека пукале со огнено оружје, а од друга страна, претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, подоцна обвини дека било обид за негово убиство. Групата луѓе, за коишто се тврди дека пукале со огнено оружје се разотидоа со навремената и брза интервенција на полицијата, додека од Министерството за внатрешни работи, подоцна за МИА информираа дека лицето кое пукало е приведено во полициска станица. Освен наведените инциденти, протестот се одвиваше мирно без посериозни нарушувања, и сите демонстранти ја напуштија улицата пред Собранието на државата. сх/сп/ Фото: Фросина Насковиќ

Остани поврзан