• недела, 22 декември 2024

Дел од Кичево и две села утре без вода за пиење од 8 до 14:30 часот

Дел од Кичево и две села утре без вода за пиење од 8 до 14:30 часот

Кичево, 28 април 2021 (МИА) - Од ЈКП„ Комуналец“ Кичево информираа  дека утре (четврток) во периодот од 8 до 14,30 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на повеќе улици и населби во градот, како и во селата Мамудовци и Трапчин Дол.

Поради изведување на работи на водоводната мрежа, во текот на утрешниот ден без вода за пиење ќе бидат населбите Горно Пашино,Над железничка станица, улиците„ 22-Декември“,„Партизански Одреди“ и„ Влашки Пат“, како и селата Мамудовци и Трапчин Дол.

-Овие населби и населени места без вода за пиење ќе останат во периодот од 8 до 14:30 часот и затоа жителите на овие населби и населени места се предупредуваат, уште вечерва да се снабдат со неопходните количества на вода за пиење и други домашни потреби-информира Зенел Јонузи, директор на ЈКП„ Комуналец“ Кичево.

Јонузи додаде дека по промената на старите дотраени азбестни и железни цевки со нови еколошки ПВЦ цевки, дефектите во градската водоводна мрежа се многу ретки и речиси ги нема, а водата за пиење е помалку штетна за здравјето за нејзините конзументи, без канцерогени елементи кои беа присутни во водата за пиење во претходниот период. за/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан