• понеделник, 23 декември 2024

Двајца пакистански полицајци убиени за време на вакцинација против детска парализа

Двајца пакистански полицајци убиени за време на вакцинација против детска парализа
Исламабад, 16 август 2022 (МИА) - Двајца полицајци се убиени додека обезбедувале здравствени работници кои вршеле вакцинација против детска парализа во северниот дел на Пакистан. Двајцата здравствени работници не се повредени, соопштија од полицијата. Локалните тимови за вакцинација против детска парализа често се мета на милитанти антиваксери. Некои од нив тврдат дека вакцинацијата е западен заговор за стерилизација на муслимани или оти вакцините содржи свинска маст. Негативното расположение насочено кон вакцинацијата е во пораст откако американската разузнавачка агенција ЦИА започна лажна операција за вакцинација со цел да го пронајде лидерот на Ал Каеда, Осама бин Ладен. Пакистан и Авганистан се единствените земји каде детската парализа сè уште е ендемска болест. бд/

Остани поврзан