• недела, 17 ноември 2024

Во Куманово и Штип санкционирани 97 возачи поради пребрзо возење

Во Куманово и Штип санкционирани 97 возачи поради пребрзо возење
Скопје, 2 јули 2021 (МИА) - Од 7 до 11 часот денеска на подрачјето на СВР Куманово и СВР Штип санкционирани се вкупно 97 возачи кои возеле со брзина поголема од пропишаната, во рамки на засилена акциска контрола, што ја спроведува МВР. Од нив, 54 се на територија на СВР Штип, а 43 на територија на СВР Куманово. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. -Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението на МВР.бт/лв/

Остани поврзан