• понеделник, 23 декември 2024

Бугарското претседателство со ЦЕИ го осуди грубото нарушување на украинскиот суверенитет од страна на Русија 

Бугарското претседателство со ЦЕИ го осуди грубото нарушување на украинскиот суверенитет од страна на Русија 
Софија, 17 мај 2022 (МИА) - Бугарското претседателство со Парламентарниот формат на Централноевропската иницијатива го осудув грубото кршење на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од страна на Руската Федерација и учеството на Белорусија во конфликтот, рече денеска, на отворањето на средбата, претседателот на бугарското Народно собрание Никола Минчев. Тема на средбата е промоцијата на иновациите во регионот на Централноевропската иницијатива и Југоисточна Европа. Минчев кажа дека однесувањето на Белорусија ја поткопува мисијата на ЦЕИ и ги намалува постигнатите резултати во промовирањето на дијалогот и соработката меѓу нејзините членки. -Ние, како парламентарци, целосно ја поддржуваме заедничката изјава на ЦЕИ за војната на Русија со Украина. Во контекст на овој амбиент, членките на ЦЕИ се соочуваат со нови, сериозни предизвици не само за регионалната соработка, туку и за развојот на добрососедските односи, рече Минчев. Тој истакна дека стимулирањето на прекуграничните истражувања и иновации во регионот на ЦЕИ станува се поважно за иднината на економиите на нашиот регион. Бугарскиот министер за иновации и раст, Даниел Лорер, рече дека ова е патот до раст на целиот регион и дека е време да се сфати важноста на иновациите како мотор на економскиот раст, додавајќи дека Бугарија создаде министерство одговорно за економски раст и иновации. За дописникот на МИА од Софија македонскиот пратеник Кастриот Реџепи кажа дека македонската Влада е посветена на развојот во оваа област. Северна Македонија има фонд за технолошки развој кој ги поддржува стартапите, како и микро претпријатијата, со цел да се стимулира овој бизнис. Според него, наскоро ќе почне и имплементацијата на законите за промовирање на ИТ технологиите. нк/сд/

Остани поврзан