• понеделник, 23 декември 2024

Бојмацалиев: Извештајот на внатрешна контрола укажа дека полицијата навремено постапила за двојното убиство на В.Ѓ. и П. Ж.

Бојмацалиев: Извештајот на внатрешна контрола укажа дека полицијата навремено постапила за двојното убиство на В.Ѓ. и П. Ж.

Скопје, 8 март 2024

Во изјава за ТВ24 и Канал 5, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев беше запрашан за извештајот на внатрешна контрола во врска со истргата за двојното убиство на В.Ѓ. и П. Ж.

„Моите информации се оние кои вчера ги објавивме официјално од МВР, дека против ниту едно лице ќе биде покрената дисциплинска постапка, за луѓето кои работеле на двете грозоморни убиства. Што покажува тоа? Тоа покажува дека полицијата работела навремено, точно и прецизно и го решила двојното убиство изврешно од страна на сторителите кои беа приведени и предадени пред истражните органи за понатамошно постапување”, беше дециден Бојмацалиев, потенцирајќи дека извештајот ги поби сите лаги во врска со случајот дека полицијата не постапила навремено.

„Во оваа прилика би сакал да потенцирам дека е убаво што овој извештај е завршен и не е констатирана вина кај никој од колегите. Зошто велам дека убаво во овој период? Бидејќи изминатиов период и деновиве уште се вртеше тезата кај одредени политички партии дека полицијата можела но не постапила како што треба. Со ова паѓаат во вода сите лаги  дека полицијата не постапила навремено, точно и прецизно. Значи полицијата постапила според пропишаните правила и прописи во тој момент, онакако како што требало ги решила двете убиства”, рече Бојмацалиев, додавајќи дека новите упатства не се ништо ново и постои пракса на таква надградба.

„Ако имало пропусти ќе имало и дисциплински. Значи, нема пропусти и нема дисциплински. Како и секоја иснтитуција, МВР и сите други институции, по различни области, секогаш правиме надградба на одредени правила и прописи на постапување, бидејќи криминалците не мируваат, ние мораме да сме чекор пред нив. Тоа не е ништо ново, ако се направи промена на одредено правило и упатство, бидејќи сме го правеле и во минатото”, истакна Бојмацалиев.

На прашање за првоосомничениот, Бојмацалиев беше категоричен:

„МВР ја заврши својата работа, ги предаде доказите до ОЈО и Министерство за правда, тоа прашање е во раце на Министерство за правда. Јас искрено верувам дека човекот ќе биде донесен час побргу”, рече Бојмацалиев.

 

Сектор за односи со јавност и протокол,
Министерство за внатрешни работи

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Фото: МВР

Остани поврзан