• понеделник, 23 декември 2024

Богојески: Единствен начин до нормална држава е да се суспендира политичкиот систем

Богојески: Единствен начин до нормална држава е да се суспендира политичкиот систем
Скопје, 6 јули 2020 (МИА) - Носителот на листата во ИЕ 1 од платформата Македонски концепт, Петар Богојески на вечерашната граѓанска трибина пред Спомен Куќата на мајка Тереза испрати апел сите граѓани, особено најразочараните од политиките на двата партиски блока да излезат на гласање бидејќи според него, ова е последна шанса за вистински промени. -Идејата не води заедно, а идејата е нормална држава бидејќи стана претешко да се живее нормално.  И сега, како до таа нормалност? Единствен начин до таа нормалност е да се промени политичкиот систем и да се суспендира моќта на политичките партии која се наоѓа денес во нивни раце, пред се на политичките лидери. Единствен начин да ја суспендираме оваа политичка елита која ги носи овие неправди во земјата е државата со закон да наметне внатрепартиска демократија за реформирање на партиите бидејќи нема капацитет тоа поинаку да се донесе, додаде тој. Најдобро е, според Богојески, со гласање за оваа платформа да се внесат во парламент граѓански пратеници кои ќе ги менуваат работите од корен и без партиска контрола. -Токму тие поради кои си разочаран едвај чекаат да не излезеш на гласање за да си изберат со нивните малкумина војници. Сега е последна шанса да ги направиме тие вистински промени бидејќи јас ви гарантирам дека како што Заев не расчисти со Груевски, така и Мицкоски нема да расчисти со Заев. Затоа е најдобро да застанеме храбро и одлучно и изгласаме за 10ка. Доколку сакате да биде казнета и сменета оваа Влада, а од друга страна да не дозволиме возобновување на бандитизмот во минатото, тогаш гласајте за број 10 бидејќи само ние имаме кредибилитет да не ги дозволиме тие процеси во парламентот.” Според него, денес живееме во една тотална ненормалност, каде не може човек да оди нормално на работа, ниту може од работа да се врати нормално. Оливера Клинчарова од Македонски концепт истакна дека нашата земја е надарена со многу природни богатства, а според неа, ние решивме да ги искористуваме најлошите, односно тие што не се обновливи. -Место да градиме цело време хидроелектрани, термоцентрали и слично, ние можеме да го тераме зеленото сценарио. Тоа значи напуштање на конвенционалното греење и загадување на оваа почва и да се насочиме кон одржлив развој. Енергетските заедници се иновативна мерка која ја предлагаме сега и за која имаме поддршка од сите еколошки организации во Македонија и пошироко. Имам дозвола да ги споменам GoGreen, Не биди ѓубре и сите други кои се против труење на народот, истакна Клинчарова во своето обраќање.бт/са/

Остани поврзан