• петок, 22 ноември 2024

Бесими: Со Бектеши доживеавме сообраќајна несреќа кај Владата, нема потешко повредени

Бесими: Со Бектеши доживеавме сообраќајна несреќа кај Владата, нема потешко повредени
Скопје, 7 февруари 2022 (МИА) - Министерот за финансии Фатмир Бесими соопшти дека доцна попладнево службеното возило во кое се превезувал заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, било учесник во сообраќајна незгода.
- Доцна попладнево, службеното возило со кое се превезував заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на работен состанок во Владата беше учесник во сообраќајна незгода која се случи на крстосницата пред Владата. Освен материјална штета на возилата, за среќа нема потешко повредени лица. Учесниците се здобија само со полесни повреди. На повредените им посакувам брзо оздравување, напиша Бесими на „Фејсбук“.

Остани поврзан