• недела, 22 декември 2024

Бајден убеден дека Путин ја донел одлуката за напад на Украина

Бајден убеден дека Путин ја донел одлуката за напад на Украина
Вашингтон, 18 февруари 2022 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин „донесе одлука“ да ја нападне Украина, нагласи во вечерашното обраќање американскиот претседател Џозеф Бајден. Тој додаде дека Русија има намера да ја нападне Украина во следната недела или денови. – Русија се обидува да „постави лажно оправдување“ за војна против Украина, нагласи Бајден во своето обраќање од Белата куќа. Американскиот претседател Џо Бајден се осврна на низата дезинформации што Русија ги објавува. Бајден нагласи дека „видел извештаи за голем број прекршувањето на примирјето од страна на борци поддржани од Русија кои се обидуваат да ја испровоцираат Украина во Донбас“. – На пример, вчерашното гранатирање на украинска градинка, за кое Русија лажно тврдеше дека е извршено од Украина. Исто така, продолжуваме да гледаме дека се повеќе и повеќе дезинформации се пласираат во руската јавност, вклучително и сепаратистите поддржани од Русија, тврдејќи дека Украина планира да изврши масовен офанзивен напад во Донбас, изјави Бајден. – Видете, нема докази за тие тврдења, и тоа пркоси на основната логика да се верува дека Украинците би го избрале овој момент, со над 150.000 војници распоредени на нејзините граници, за да ескалира конфликт, додаде претседателот на САД. Тој изрази верување дека рускиот претседател Владимир Путин одлучил да ја нападне Украина. - Од овој момент, убеден сум дека тој ја донесе одлуката, рече Бајден во изјава од Белата куќа. гт/зш/

Остани поврзан