• сабота, 23 ноември 2024

Бајден загрижен бидејќи Путин нема излезно решение од војната

Бајден загрижен бидејќи Путин нема излезно решение од војната
Вашингтон, 10 мај 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден изрази загриженост поради тоа што неговиот рускиот колега, Владимир Путин, нема стратегија за излез од украинската војна. Затоа, Бајден се обидува да смисли што да направи, јавија британски медиуми. Говорејќи на политички митинг, каде се собираа парични донации, Бајден изјави дека Путин погрешно верувал, оти, инвазијата на Украина ќе ги разбие НАТО и Европската Унија. Според Бајден, Путин е многу пресметлив човек и проблемот што сега го загрижува, е, тоа што рускиот лидер „моментално нема излез“. - Јас се обидувам да сфатам што да направиме во врска со ова прашање, истакна претседателот на САД. бд/сд/
 

Остани поврзан