• сабота, 23 ноември 2024

Бајден го критикува Трамп поради намалување на сериозноста на Ковид-19

Бајден го критикува Трамп поради намалување на сериозноста на Ковид-19
Мајами, 6 октомври 2020 (МИА) - Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден го критикуваше актуелниот шеф на државата Доналд Трамп поради обидот да ја намали сериозноста на последиците од новиот коронавирус, два часа по неговото враќање во Белата куќа, откако три дена помина во болница поради Ковид-19. - Се надевам дека претседателот, имајќи предвид низ што помина, а мило ми е што изгледа дека закрепнува многу добро, ќе му пренесе вистинска порака на американскиот народ: маските се важни, истакна Бајден. Бајден, кој го употреби одговорот на Трамп за пандемијата како централна тема во својата кампања, се фокусира на неподготвеноста на актуелниот претседател да носи заштитна маска. Тој повторно го критикуваше ваквото однесување на Доналд Трамп. - Каков е тој мачо однос - нема да носам маска. Бидете патриоти, ви се молам, истакна Бајден. Меѓутоа, во видео снимката која е објавена веднаш по отпуштањето од болница, Трамп ги повика Американците слободно да излезат и да не се плашат од вирусот. Трамп ја напушти болницата со маска на лицето, но ја извади веднаш по влегувањето во Белата куќа. Трамп е отпуштен вчера од националниот воен центар „Валтер Рид“, откако лекарскиот тим соопшти дека немал зголемена температура во последните 72 часа, а нивото на кислорот во крвта му било нормално. гт/

Остани поврзан