Асфалтирање на тротоар на улица „Трифун Бузев“ во Карпош за поголема безбедност на пешаците
Скопје, 16 јануари 2020 (МИА) - Општина Карпош започна со асфалтирање на тротоарот долж улицата „Трифун Бузев“ во Карпош 4. Целта на оваа инфраструктурна активност е да се зголеми безбедноста при движење на пешаците, особено на најмладите кои учат во основното училиште „Петар Поп Арсов“, информираат од општината.
Оваа улица, неодамна, локалната самоуправа целосно ја реконструираше.
Општината е во процес и на поставување на „лежечки полицајци“, непосредно до училиштето, на улиците „Волгоградска“ и „Разловечко востание“, за да се зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел на Карпош.ир/дма/