• петок, 22 ноември 2024

Ангеловски: Без разлика на моменталната форма, кога се игра за Македонија секогаш мора да се даде максимум

Ангеловски: Без разлика на моменталната форма, кога се игра за Македонија секогаш мора да се даде максимум
Скопје, 31 август 2020 (МИА) - Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски денеска изјави дека паузата за репрезентацијата беше долга, но и дека тој не гледа во минатото и гледа кон претстојните натпревари со Ерменија и Грузија. - Очекувам наше максимално издание без разлика на ситуацијата и паузата поради Ковид-19. Без разлика на моменталната форма, кога се игра за дресот со државниот грб секогаш мора да се даде максимум и не се сомневам дека тоа ќе биде така на овие два натпревари. Секогаш размислувам на секој следен натпревар, па за тоа со сите сили сме насочени најпрво кон дуелот со Ерменија. Да влеземе максимално мотивирани и да ја отвориме Лигата на нации со победа, а воедно да ја искористиме и можноста што поподготвени да го дочекаме оној натпревар за месец дена што цела македонска јавност го очекува, против Косово во баражот за ЕП, изјави Ангеловски. https://www.facebook.com/FudbalskaReprezentacija/videos/994323610989639/

Тагови

Остани поврзан